Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

Овој настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении како Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.

Покрај домашните легенди, на настанот поканети и се очекува учество на интернационални ѕвезди кои оставија неизбришлива трага во европскиот и светскиот ракомет како Арпад Штербик, Жоан Кањелас , Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ ,Тимур Дибиров, Глеб Каралаш , Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер и други.

Селектори и судии се очекува да бидат Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Маријан и Драган Начевски, Горѓи Начевски – Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top