Спорт

Утре Македонија ќе ги дознае противниците за Европското првенство во одбојка

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија утре

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија утре, од 20:45 часот, на ждрепката во Бари ќе ги дознае противниците во групната фаза од Европското првенство 2026. Ова ќе биде четвртиот настап по ред на континенталниот собир, каде ќе се натпреваруваат 24 екипи, вклучително новиот светски првак Италија и сребрениот Бугарија од последното СП, заедно со домаќините Романија и Финска.

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе ги претставуваат боите на земјата на церемонијата во историскиот нормански замок Свево. Ждрепката е полу-диригирана: четирите домаќини – Италија (група А), Бугарија (Б, Варна), Финска (Ц, Тампере) и Романија (Д, Клуж) – ќе бидат носители и секој ќе избере по еден противник пред главното извлекување.

Останатите 20 екипи ќе се поделат во четири шешири по ЦЕВ-ранкинг, со правило дека актуелниот европски првак Полска и финалистот Италија не можат да бидат во истата група – во тој случај, тимот се префрла во следната слободна. Македонија, доколку не ја изберат домаќините, најверојатно ќе чека во четвртиот шешир со Летонија, Шведска и Данска.

Со ждрепката за машкиот турнир (9-26 септември 2026) ќе се изврши и таа за женскиот ЕвроВолеј 2026, кој исто така се игра следната година.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top