Регион

Грција против укинување на правото на вето при зачленувањето во ЕУ

Јужниот македонски сосед нема намера да се откаже од оружјето што го употреби против Македонија

На прашањето од новинската агенција АНА-МПА за предлогот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за ревидирање на процесот на проширување – поточно, преминот од едногласност, што во моментов е потребно, кон гласање со квалификувано мнозинство – грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека „Грција нема да се согласи со отсуството на едногласност во клучните фази од процесот на пристапување“.

„Сега, за одредени фази, како што е отворањето на поглавје, може да се разгледа квалификувано мнозинство и би можеле да бидеме отворени за дискусија за тоа. Сепак, едногласноста би останала потребна за затворање на поглавјата, како и за конечната одлука за членството на земјата во ЕУ. Грција, како и секоја друга земја-членка, не може и нема да прифати губење на можноста да го блокира процесот во кој било момент ако смета дека тоа би можело да им наштети на европските или на националните интереси“, изјави Мицотакис.

Најнови вести од: Регион

Бугарите се противат на распоредување американски авиони-цистерни во базата Бесмер и најавуваат протести: Стануваме легитимна цел во војна, што не е наша!

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и оти одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и жителите на околните села и населби.

Ги штелуваат да развијат брзина до 90 километри на час (ВИДЕО)

Индекс.хр посети неколку продавници во Загреб и ги сними продавачите како отворено се согласуваат да ги отстранат бариерите што ја ограничуваат брзината на електричните тротинети на законски пропишаната максимална брзина од 25 км/ч.

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

To top