Македонија

ЕВН Македонија и „Мако Сигре“ со заедничка визија за енергетска иднина

„13 советување на Мако Сигре“ во Охрид

ЕВН Македонија продолжува со силна поддршка на меѓународното здружение „Мако Сигре“. Највисоките претставници и инженери од компанијата годинава присуствуваа на „13 советување на Мако Сигре“ во Охрид, важен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој ги собира учеснците со цел размена на идеи, иновации и практични решенија.

Настанот со свечен говор го отвори Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска која ја нагласи важноста на советувањето, како каде се дебатираат најновите реформи и достигнувања во енергетиката.

„Во време на темелни промени – декарбонизација, дигитализација, децентрализација и интеграција на пазари – вакви форуми се од непроценлива важност. Нека ова советување биде почеток на нови иницијативи, засилени проекти и трајна координација меѓу сите чинители“, додаде таа.

На отворањето се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер: „Модернизацијата на дистрибутивната мрежа денес е повеќе од инфраструктурен предизвик – таа бара и иновативен пристап кон растечката интеграција на обновливи извори на енергија и складирање преку големи батериски системи (BESS). Нашата посветеност се протега и надвор од инфраструктурата. Секојдневно работиме за подобрување на услугите кон нашите корисници, со целосна фокусираност на дигитализацијата и иновациите.“

Претседателот на „Мако Сигре“, здружение кое 30 години делува на полето на електроенергетиката, Сашо Салтировски, по повод отворањето на настанот рече:

„Денес стоиме на историска раскрсница. Во целиот свет, енергетската транзиција повеќе не е далечна амбиција, таа е денешна нужност. Начинот на кој произведуваме, испорачуваме и користиме електрична енергија се трансформира со невидена брзина. Од обновливи извори и електрична мобилност до дигитални технологии и децентрализирани енергетски системи. Иднината на енергијата се обликува пред нашите очи.“

Околу 70 вработени од компанијата зедоа активно учество, презентирајќи стручни трудови од областа на енергетиката пред студиските комитети.

На настанот учествуваа високи претставници од министерката во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Електродистрибуција, МЕПСО, ЕСМ и голем број други компании од енергетскиот сектор.

 

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top