Македонија

Денес се одбележува 11 октомври, Денот на востанието на македонскиот народ против германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашизам и нивните домашни слуги

Единаесетти октомври претставува продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ, кои се пројавија во долга историска низа на настани на македонскиот непокор: во Карпошовото, Разловечкото, Македонското Кресненско и во Илинденското востание. Единаесетти октомври е почеток на Народноослободителната и антифашистичка борба, која го трасираше патот кон Првото заседание на АСНОМ, кога беа поставени темелите на современата македонска држава, а Македонците конечно беа свои на своето. Без 11 Октомври и без Народноослободителната и антифашистичка борба Република Македонија немаше да постои.

Денеска македонскиот народ ја одбележува 84-годишнината од почетокот на своето антифашистичко востание во Македонија, како симбол за борбата за создавање сопствена македонска држава, за остварување на својата самобитност и самостојност, како и за афирмација на македонските национални и јазични особености. Денеска 11 Октомври се одбележува со разни свечености и манифестации како македонски државен празник. Но тоа не е празник само на македонскиот народ, туку и на сите жители на Македонија без разлика на етничката и религиозната припадност.

По капитулацијата на Кралството Југославија во април 1941 година територијата на Вардарска Македонија беше поделена меѓу Бугарија, Италија и Германија. Колку и да се обидува денес Бугарија да ја избрише својата улога како држава-фашистички окупатор на Вардарска Македонија во Втората светска војна, историските документи и факти неумоливо го докажуваат спротивното од таквите обиди и тврдења.

Постои официјален документ – наредба од 22 април 1941 година на бугарското министерство на војната, со која му се наредува на Генералштабот на бугарската војска да започне со ОКУПАЦИЈА на Вардарска Македонија, односно, на делот, кој ѝ беше доделен во договорот со фашистичкиот водач на Германија Адолф Хитлер. Бугарската фашистичка окупација на вардарскиот дел на Македонија со себе носеше не само воен режим, туку и политика на асимилација на Македонците, забрана на македонскиот јазик и образованието на македонски јазик, затворање или интервенција во културните и верските институции. Училиштата беа бугаризирани, а илјадници луѓе беа прогонувани.

На 11 октомври 1941 година се случува клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ: тој  ден беше нападната бугарската полициска станица во Прилеп, како и затворот, во кој се наоѓале повеќемина политички затвореници и македонски дејци. Нападот врз Прилеп бил извршен од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Пред почетокот на оружената акција на зборното место во месноста „Црвени Стени“ cе собрале 36 борци. Партизаните биле распоредени во борбени групи за напад на Прилеп на 11 октомври 1941 година во 22 часот. Но конечниот распоред бил направен од Борка Талески и Трајко Бошкоски-Тарцанот пред тргнувањето за напад.

Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред и акциите, што ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица и затворот, како и со прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа оружените акции и во Кумановско. Во месноста „Менкова колиба“ беше формиран Карадачкиот партизански одред, кој заедно со Кумановскиот партизански одред, формиран во месноста „Студена вода“ ги засили воените дејства до 17 октомври 1941 година.

Со првите истрели, што беа испукани од припадниците на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ноќта на 11 октомври 1941 година, при нападот на бугарската полициска станица и затворот, започна востанието на македонскиот народ против германската, италијанската и бугарската фашистичка окупација. На тој историски датум македонскиот народ им се приклучи кон антифашистичката борба во Втората светска војна на другите слободарски народи во Европа и во светот и даде свој придонес со повеќе илјади загинати и ранети партизански борци во конечниот пораз на германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашизам, како и на нивните домашни слуги во Македонија.







Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

To top