Македонија

Обвинението затрупано со приговори на 109 страни – никој обвинет не признава вина за трагедијата во „Пулс“

Документот има 117 страници, а на 109 од нив се приговорите на обвинетите и нивните адвокати

Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животот го загубија 64 лица, а повеќе од 200 беа повредени, не прифаќа вина за трагедијата, како што се товарат во обвинителниот акт, покажуваат нивните приговори на обвинението, изнесени во судската Оценката на обвинението, чии делови објавува порталот „Призма“.

Документот има 117 страници, а на 109 од нив се приговорите на обвинетите и нивните адвокати. Во оваа фаза од постапката никој од нив не признал вина. Спротивно на обвинителството, обвинетите сметаат дека не може за пожарот во дискотеката, во 2025 година да одговара некој што бил на функција десетина години порано.

Над 30 адвокати, најмногу локални бранители од Кочани, ги застапуваат обвинетите. Според многуте приговори, обвинетите обврската за постапување ја префрлаат или кај други обвинети, па и кај некои што се починати, или во немањето пријави или надлежности за постапување.

Првообвинетиот сопственик на дискотеката, Дејан Јованов, кој го чека судењето во кумановскиот затвор, вината за трагедијата ја префрла кон институциите, кои пропуштиле да го регулираат објектот. Дел од одговорноста, според приговорот што го поднел, префрла и кај бендот ДНК, затоа што не му пријавиле дека ќе користат пиротехника.

Неговиот син Михаил Јованов, одговорноста ја префрла кон други, како, на пример, кон покојниот Александар Карадакоски, кој се водел како управител на дискотеката.

Братот на Дејан Јованов, Тодор, во приговор се изјаснил дека не бил формално одговорен во фирмата на неговиот брат, како што тврди Обвинителството, туку само продавал влезници во дискотеката како хонорарец.

Приговори има и од многуте инспектори, градоначалници, министри, како и други функционери на локално и централно ниво, кои се опфатени со обвинението. Тие најчесто приговараат за ненадлежност, отсуство на соодветна пријава или налог да делуваат. Обвинителниот акт, опфаќа најчесто дела на нечинење и непостапување во период од 13 години.

За потсетување, со обвинителниот акт се товарат 34 лица, и три фирми, во него е изнесен обемен доказен материјал – над 1.440 докази, а предложени се дури 283 сведоци за сослушување.

Правната квалификација, бројот на обвинети и временскиот период за кој се однесува, го прави ова обвинение едно од најделикатните во поновата судска историја. Адвокатите го оценија обвинението како паушално и нејасно и со предвидување дека предметот ќе се суди маратонски.

Некои од адвокатите на одбраната побарале судиите да закажат јавно рочиште на кое ќе се оценува обвинението, но, тројцата судии Моника Бахчовановска, Софче Гаврилова-Ефремова и Илија Трпков, одлучиле тоа да биде на затворена седница.

Најнови вести од: Македонија

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на градоначалникот Дехари

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, остро го осуди скандалот предизвикан од аудио снимки објавени на социјалните мрежи, кои откриваат неподобно однесување на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари (од ДУИ, сега Национална алијанса за интеграција), кон женски вработени во општината.

Гласање во ЕУ со квалификувано мнозинство би било храбра одлука, што ќе доведе до евроинтеграциски исчекор, средба Сиљановска Давкова – Фон дер Лајен

Претседателката потсетила на непочитувањето, односно кршењето на некои фундаментални принципи и вредности на основните конститутивни акти на ЕУ што ги гарантираат националниот и културниот идентитет на државите и нациите

To top