Бизнис

Официјално почна грејната сезона со куп проблеми – дури 88 објекти останаа без парно греење

Грејната сезона во Скопје официјално започна, но топлината во домовите не ја почувствуваа сите граѓани подеднакво. Дел од скопјани утрово ги дочекаа првите млаки радијатори, но кај други топлата вода воопшто не ни протекла до грејните тела.

И официјално почна грејаната сезона. Надлежните уверуваат дека системите се подготвени и испораката на топлинска енергија ќе биде редовна, граѓаните пак велат парно нема. Дел од жителите на општина Аеродорм велат дека радијаторите биле само минимално загреани утринава а во текот на денот парното било исклучено. Правилникот за снабдување со топлинска енергија налага радијаторите да грејат кога надворешната темппература е под 12 степени, а во домот треба да биде обезбедена топлина од најмалку 21 степен.

  • Испораката на топлинска енергија ќе се одвива секојдневно согласно строго утврдените правила и дијаграми што зависат од атмосферските услови и надворешните температури. Според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот“, велат од ЕСМ топлина.

Од Регулаторна комисија за енергетика пак велат дека за проблемите со снабдувањето на топлинска енергија но и за дефектите кои се појавуваат граѓаните пријавуваат и кај нив.

Инаку, грејната сезона како и секоја година почнува на 15 септември и трае до 14 април. Ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден  е еднаква или помала од 12 º С, тогаш грејната сезона може најрано  да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

Најнови вести од: Бизнис

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

Се доближуваме до целта – Македонија да стане извозник на струја

Според ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

To top