Македонија

И Вајц се приклучи на повиците за уставни измени во Македонија

Изрази надеж дека по локалните избори „ќе бидат направени потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот како малцинство“

Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија

По Румен Радев и  шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев кои ја повикаа земјата да направи уставни измени со вклучување на Бугарите во Уставот, на повикот ден по локалните се огласи и  известувачот  на ЕП за Македонија; Томас Вајц.

Во изјава за Европската новинска агенција,од која е дел и МИА, австрискиот европратеник Томас Вајц рече дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот за вистински почеток на преговорите.

„Земјата сега е вклучена во процесот на пристапување, но всушност не сме ги започнале преговорите. Треба наскоро да ги започнеме за да ја одржиме земјата на вистинскиот пат“, рече Вајц.

Според него,македонската влада полека, но сигурно ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, коридорите и безбедносните прашања, што постигна одреден напредок, но сепак вели дека во моментов недостасува вистински напредок на европскиот пат.

„С.Македонија е сè уште блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“, додава Вајц.

Бугарскиот претседател Румен Радев, за време на вчерашната средба со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, ја повика Унгарија да ја убеди Македонија дека измената на Уставот и европскиот консензус за ова прашање се неповратен услов за членство во Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top