Македонија

Да ги вреднуваме и негуваме уметниците – Претседателката на доделување на наградата ,,23 Октомври”

Преку нив ја развиваме и збогатуваме духовноста и го будиме убавото, а тие секогаш обединуваат

Да ги вреднуваме и негуваме уметниците е меѓу другото пораката од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова која беше присутна на доделување на државната награда ,,23 Октомври” во македонското Собрание.

Сиљановска-Давкова им упатува искрени честитки до годинешните добитници во областа на културата и уметноста: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски.

,,Нивниот богат творечки опус остави траен белег врз македонската култура, книжевност и уметност. Со своите дела тие беа и ќе останат да бидат инспирација за многу генерации.

Да ги негуваме и да ги вреднуваме културата и уметноста, оти преку нив ја развиваме и збогатуваме духовноста и го будиме убавото, а тие секогаш обединуваат”, порачува претседателката по повод доделените државни награди.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

To top