Свет

Грција и Бугарија со најмногу сиромашни луѓе во ЕУ

Највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни се во Грција (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%)

 

Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, објави Евтостат.

Меѓу земјите на ЕУ, Грција имаше највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%).

Субјективната сиромаштија се однесува на тоа како поединците ја перцепираат сопствената финансиска и материјална состојба.

Тоа е концепт базиран на резултатите од статистиката на ЕУ за приходите и условите за живот (EU-SILC), собирање податоци кое се спроведува низ сите членки на ЕУ, како и во повеќето земји-членки на ЕФТА и земјите-кандидатки.

Целта на овој индикатор е да се процени перцепцијата на испитаниците за тешкотиите што ги доживува домаќинството при врзувањето крај со крај.

Проценката ја зема предвид материјалната благосостојба на домаќинствата, вклучувајќи ги приходите, расходите, долгот и богатството.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top