Бизнис

Нема да има енергетска криза, уверува Мицкоски

Европската Унија пак донесе одлука за забрана за транзит на руски гас преку ЕУ до трети земји. Но, по ваквиот потег министерката за енергетика Божиновска излезе со уверување дека проблем нема да има и покрај тоа што најголем дел од количините на гас во земјава се токму од Русија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека и покрај новите санкции кон Русија од страна на САД и на ЕУ, во Македонија ќе нема енергетска криза. Одговарајќи на прашање на новинарите дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија, треба да стравуваме од нова енергетска криза и дали да имаме начин да се справиме ако се случи нешто, Мицкоски кусо одговори дека такво нешто нема да се случи во нашата земја.

  • Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто – изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба  да стравуваме од нова енергетска криза.

Европската Унија пак донесе одлука за забрана за транзит на руски гас преку ЕУ до трети земји. Но, по ваквиот потег министерката за енергетика Божиновска излезе со уверување дека проблем нема да има и покрај тоа што најголем дел од количините на гас во земјава се токму од Русија.

Претходно и Српската нафтена индустрија НИС беше вклучена во санкциите.  Претседателот Вучиќ синоќа соопшти дека наредните седум дена ќе бидат клучни за националниот енергетски сектор. Ќе се преговара со руските европските и американските партнери.

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

To top