Македонија

Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот трае со часови

Случајот засега се третира како дел од истрага за можно лошо управување и загрозување на јавниот интерес и животната средина, но деталите засега не се објавени.

Веќе пет часа во полициската станица Автокоманда трае распитот на директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Сабахадин Рустеми и раководителот на истото претпријатие, Аки Саити, објави 4news.mk. Според информациите, тие биле донесени околу 14 часот и можат да бидат задржани до 24 часа, односно до утре до 14 часот.

Сè уште не е познато дали Обвинителството ќе предложи притвор или ќе одреди други мерки на претпазливост. Исто така, останува неизвесно дали ќе се прошири листата на други лица кои ќе бидат повикани на распит или евентуално приведени.

Ова се случува по шестдневна истрага во ЈП „Комунална Хигиена“ и Градот Скопје, за време на која од претпријатието била одземена дополнителна документација.

Инаку, попладнево повторно се огласи на Фејсбук градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која објави ироничен статус во кој тврди дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“ бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“.

Според нејзиниот пост, по неколку часа убедување во полициска станица, директорот бил ослободен веднаш штом потпишал изјава за членство во партијата ВЛЕН. Арсовска нагласува дека тој „не е виновен за ништо“ и дека својата работа ја извршувал „чесно и совесно“.

„Откако потпиша изјава дека е ВЛЕН, веднаш го пуштија да си продолжи со работата“, напиша Арсовска, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат политичка злоупотреба.

Случајот засега се третира како дел од истрага за можно лошо управување и загрозување на јавниот интерес и животната средина, но деталите засега не се објавени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top