Регион

Србија има нафта за уште десетина дена, Вучиќ бара решение

Следната недела е од големо значење за Нафтената инфдустрија на Србија (НИЦ). Рафинеријата може да издржи до 23-ти, 24-ти со резервите на нафта што ги имаме, а дотогаш мора да најдеме решение и да испратиме писмо до американската влада да нè ослободи од санкциите најмалку два месеци

 

„Очекувам дека во понеделник или вторник, заедно со Русите и некои други што руската страна ќе ги најде, ќе испратиме писмо до американската влада и ќе видиме дали ќе прифатат еден, два или три месеци да нè ослободат од санкциите бидејќи почнавме со промени во менаџментот“,соопшти синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој нагласува дека луѓето не треба да се грижат.

„Новата вест сега е договорот меѓу Трамп и Орбан“.

Трамп ја ослободи Унгарија од санкции за купување руска нафта

„Му честитам на мојот пријател Виктор. Ова значи дека ќе мора да пренесуваме гас преку Србија до Унгарија и дека Американците нема да дозволат застој. Ова е добра вест за нас“ рече Вучиќ.

„Не е само прашање на НИС, ние го имаме и Лукоил во земјата“, изјави  српскиот претседател Александар Вучиќ на РТС.
„Ако не се лажам, санкциите за Лукоил ќе започнат на 21 ноември“, рече Вучиќ на јавниот сервис и потсети дека иако Лукоил нема рафинерија во Србија , има 54станици за снабдување со гориво.

Тој објасни дека се очекува прво Србија да го истиснеме руското управување, а потоа и руската сопственост.

Најнови вести од: Регион

Дали Грција летово ќе зема биометриски податоци на граница?!

Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Васил Стерјовски: „Македонскиот е мојот мајчин јазик“

Иако зборува албански подобро од тужителот и адвокатите инсистирал дека македонскиот му е мајчин јазик и дека не ги разбира доволно правните термини на албански јазик, нагласувајќи дека обезбедувањето превод е неопходно за фер и правично судење

Најнови вести

To top