Македонија

Градски воз, нови еко-автобуси за поквалитетен градски сообраќај

Подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, модернизацијата на инфраструктурата

Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните, заклучиле денеска на состанок градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

„По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци – соопшти Ѓорѓиевски.

Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка на нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво, додаде тој.

„Главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје.

Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој“ – наведе Ѓорѓиевски, кој се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски и на целата Влада за поддршката.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top