Спорт

Еурофарм Пелистер ја доби драмата со ПИК Сегед во Лигата на шампионите

Македонскиот првак славеше со 25:24 со голот на Радивоевиќ од седмерец девет секунди до крајот од мечот во Битола

Со голот на десното крило Богдан Радивоевиќ од седмерец девет секунди до крајот, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа ПИК Сегед во Битола со 25:24 во натпреварот на неделата според ЕХФ во рамките на седмото коло од Лигата на шампионите.

По отворањето на мечот во преполната сала „Боро Чурлевски“ со водство од 5:0, при што гостите од Унгарија првиот гол го постигнаа дури во 11. минута, се чинеше дека на македонскиот првак не му бега втората победа во елитното натпреварување.

Пелистерци водеа и со 10:5, а на паузата заминаа со предност од 11:8, но само по шест минути од второто полувреме фаворитот израмни на 12:12, а малку подоцна и првпат поведе со 14:13 и ја продолжија неизвесноста до самиот крај.

Во почетокот од 58. минута ексвардарецот Глеб Калараш погоди за 24:23 за ПИК Сегед, но прво јунакот во домашниот состав Жарко Пешевски израмни на 100 секунди до крајот, па па гостите направија пробивање, за точка на драмата да стави Радивоевиќ од 7 метри по прекршокот врз Филип Кузмановски.

Пешевски беше најефикасен во победничкиот тим со 7 гола, од кои 5 во вториот дел, за што го доби признанието за играч на мечот, а капитенот Кузмановски запиша 4 погодока.

На половина од натпреварите во групата Б битолчани се претпоследни со 4 бода, два помалку од последното место што води во елиминациите, кое го делат ПИК Сегед, Пари Сен Жермен и Гудме.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top