Спорт

Пешевски во тимот на колото во ЛШ, Митревски со втора најдобра одбрана (ВИДЕО)

ЕХФ со признанија за двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер за придонесот во триумфот над ПИК Сегед во мечот на неделата

Двајца играчи на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски и Никола Митревски, добија признанија од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за придонесот во драматичниот триумф на македонскиот првак од 25:24 над ПИК Сегед во натпреварот на неделата во Битола.

Седумте голови од осум обиди на кружниот напаѓач Пешевски не само што му ја донесоа наградата за играч на натпреварот, туку му донесоа место во идеалната седморка на седмото коло.

Бравурозната интервенција на голманот Митревски при водство од 5:1 против гостите од Унграија, пак, е прогласен за втора најдобра одбрана во овој круг од елитното клупско натпреварување.

Најнови вести од: Спорт

Невозможното стана возможно: „Македонските џинови“ ги освоија Алпите

Македонските ултрамаратонци Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски остварија неверојатен подвиг, истрчувајќи 330 километри низ величествените Алпи на легендарната трка „Трка на џиновите“ (Tor des Géants).

To top