Бизнис

ТИТАН УСЈЕ одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој

70 годишнина

ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во1955 година. Од своето основање, компанијата растешепаралелно со развојот на земјата, поддржувајќи изградба надомови, училишта, болници, патишта, мостови и другасуштинска инфраструктура која го обликува современотоопштество.

Во текот на децениите, ТИТАН УСЈЕ инвестираше повеќе од200 милиони евра во модернизација и технолошки напредок. Овие инвестиции значајно ја подобрија безбедноста, оперативната ефикасност, продуктивноста и перформанситево доменот на заштитата на животната средина.  Денес, ТИТАН УСЈЕ се истакнува како современа компанија сонапредни дигитални технологии и автоматизација напроизводството.

Во 1998 година УСЈЕ стана дел од Групацијата ТИТАН, сошто се забрза развојот на компанијата преку размена наглобално знаење, најдобри практики и корпоративнивредности, како и пристап до напредни технологии и меѓународни стандарди. Тоа ја зајакна иновативнатаспособност на компанијата, ја зголеми конкурентноста и гопотврди нејзиниот статус на лидер во индустријата, усогласен со глобалните трендови и потребите на пазарот.

„ТИТАН УСЈЕ е тоа што е денес, благодарение на нашитевработени – повеќе од 3.000 вработени кои низ годините јаобликуваа компанијата преку својот труд, знаење и вредности кои постојано нѐ движат напред. Нашата грижа зазаедницата е дел од нас, ние сме одговорен и доверливпартнер кој создава можности, поддржува и поттикнуваразвој. Со поглед кон иднината, ќе продолжиме даинвестираме во иновации, нови технологии и современирешенија, обезбедувајќи ТИТАН УСЈЕ да остане водечкакомпанија и сигурен партнер во развојот на земјата“, речеглавниот извршен директор, Константинос Николау, обраќајќи им се на сите партнери, вработени, пријатели и гости на јубилејната прослава.


Во своето обраќање, Јанис Паниарас, извршен директор заЕвропа во Групацијата ТИТАН, истакна: „Во изминатитеседум децении, УСЈЕ претставува важен столб воекономскиот и општествениот развој на земјата, обезбедувајќи материјали за изградба на клучнаинфраструктура и поддржувајќи го вработувањето, локалните заедници и националната економија. ТИТАН согордост го има ТИТАН УСЈЕ како дел од нашето глобалносемејство уште од 1998 година. Денес, компанијата е посилна од било кога, комбинирајќи огромно индустрискознаење со најсовремени технологии и силен тим напосветени вработени, изведувачи и деловни партнери. Гледајќи кон иднината, остануваме цврсто посветени наодржлив развој. Нашиот континуиран фокус на иновации и инвестиции во луѓето и во развојот на компанијата ќеобезбеди ТИТАН УСЈЕ и понатаму да остане лидер воиндустријата за градежни материјали и двигател нанапредокот во децениите што следуваат“, истакна г. Паниарас.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

To top