Бизнис

Пад на германската автоиндустрија – како е можно за една година да се стопат 48.700 работни места?!

Намалувањето на бројот на вработени изнесува 6,3% од вкупниот број вработени во секторот, кој сега изнесува 721.400, што е најниско ниво од 2011 година наваму.

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места во период од една година, според најновите бројки од германската статистичка служба Дестатис. Регистриран е пад од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот, соопшти институтот, додавајќи дека бројот на вработени на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесувал 721.400, што е најниско ниво од вториот квартал од 2011 година, објави Дојче Веле.

Според Дестатис, автомобилската индустрија останува втор најголем индустриски работодавач во Германија, по машинството, кое вработува 934.200 работници. Вкупниот број на индустриски работни места во земјата се намали за 2,2 проценти во споредба со претходната година, но загубата во автомобилскиот сектор значително го надминува просечниот тренд.

Податоците покажуваат каде се наоѓаат кризните жаришта во германската индустрија, додаде Себастијан Дулин, директор на Институтот за макроекономија и економски истражувања во Фондацијата Ханс Беклер. Сепак, генерално, губењето на работни места остана умерено во споредба со падот на производството и нарачките.

Иако барометарот за деловна клима за германската автомобилска индустрија значително се подобри во октомври, според Институтот ИФО со седиште во Минхен, целокупното расположение останува неповолно. На пример, производителот на камиони и автобуси МАН планира да намали околу 2.300 работни места во Германија.

Најнови вести од: Бизнис

Ристески во Будва на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“

Поддршката на развојот и конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот ќе биде во фокусот на меѓународна конференција во Будва, на која ќе учествува и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Конференцијата е посветена на лансирањето на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција

Македонскиот „Грин Машинс“ БРАКО блесна на светскиот саем ИФАТ во Минхен

Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој

To top