Бизнис

(Видео): Продолжува мерката за намален ДДВ за новоизградени станови

Министерката за финансии потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба.

Повластената стапка од пет проценти ДДВ за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

  • Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5 проценти да остане и натаму. Исто така сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина – истакна Димитриеска-Кочоска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Министерката потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба.

  • За да не биде оштетен ниту еден граѓанин, потребна е целосна и јасно утврдена постапка. Сега во моментот нема можност за такво нешто и затоа предложивме да продолжи да важи тој член кој вели дека повластената стапка од 5 проценти ќе остане и понатаму – посочи Димитриеска-Кочоска.

Додаде дека и во земјите со повисоки генерални стапки на ДДВ, даночното третирање на становите е пониско, притоа наведувајќи дека во Словенија редовната стапка на ДДВ за станови е 9,5 проценти.

  • Ги отвораме законите еден по еден. Прво, данокот на добивка и персоналниот данок, а понатаму ќе бидат опфатени и останатите сегменти. Директивите ќе бидат наш приоритет врз основа на кои ќе ги усогласуваме законските измени. Во овој момент нема да има промена на даночните стапки – вели Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска најави дека во Министерството за финансии се работи на сеопфатни законски измени во даночната регулатива, но дека нема да има промена на даночните стапки.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top