Свет

Авганистанец е напаѓачот врз двајца припадници на националната гарда во Вашингтон

Азилантот од заседа пукаше и рани двајца припадници на Националната гарда на само неколку блока од Белата куќа

Авганистанскиот државјанин Рахманула Лаканвал е идентификуван како вооружениот човек кој вчера рани двајца припадници на Националната гарда во заседа на само неколку блока од Белата куќа.

Лаканвал бил застрелан од трет припадник на Националната гарда, кој подоцна бил уапсен и однесен во болница, потврди Министерството за внатрешна безбедност.

Според повеќе извори од спроведувањето на законот кои потврдија за CBS News, 29-годишниот Лаканвал влегол во Соединетите Држави во 2021 година. Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави на социјалните мрежи дека на осомничениот му е доделена условна дозвола за престој во Соединетите Држави на 8 септември 2021 година, во рамките на програмата на администрацијата на Бајден за авганистанските државјани, позната како „Операција „Добредојдовте кај сојузниците“.

Претседателот Трамп, исто така, се осврна на случајот во видео порака, опишувајќи го осомничениот како „странец кој влегол во нашата земја од Авганистан, пекол на Земјата“. Трамп додаде дека статусот на осомничениот е продолжен „според законот што го потпишал претседателот Бајден“.

(Фото): „Животното што пукаше ќе плати висока цена“ – Трамп проговори за пукањето во близина на Белата Куќа

Службеник на Министерството за внатрешна безбедност објасни дека на Лаканвал му е одобрен хуманитарен влез во 2021 година, што бил главниот механизам што администрацијата го користела за да прими десетици илјади авганистански бегалци откако Талибанците ја презедоа власта.

На многу од авганистанските државјани примени во Соединетите Држави во 2021 година им биле доделени специјални имигрантски визи наменети за оние кои работеле заедно со американската војска за време на нејзината 20-годишна војна.

Лаканвал аплицирал за азил во 2024 година, кој му бил одобрен во 2025 година.

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top