Свет

Трамп бесен: „Трајно забранувам миграција од Третиот свет“

Среќен Ден на благодарноста на сите  освен на оние што мразат, крадат, убиваат и уништуваат сè за што се залага Америка – Нема да бидете долго тука!“

Шокантната најава дојде само неколку дена по смртоносната пукотница во близина на Белата куќа во која авганистански државјанин уби жена припадник на Националната гарда. Трамп тврди дека целта на овој потег е да му се овозможи на американскиот имиграциски систем „целосно да се опорави“ и да го спречи нелегалниот влез во земјата, пишува NDTV.

На социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека американската имиграциска политика, и покрај технолошкиот напредок, „ги еродирала тие придобивки и услови за живот за многумина“.

„Трајно ќе ја сопрам имиграцијата од сите земји од третиот свет за да овозможам целосно закрепнување на американскиот систем, ќе ставам крај на сите милиони нелегални влезови на Бајден, вклучително и оние потпишани од поспаниот Џо Бајден, и ќе ги отстранам сите што не се нето имот за Соединетите Држави или не се способни да ја сакаат нашата земја, ќе ставам крај на сите федерални бенефиции и субвенции за оние што не се државјани на нашата земја, ќе им го одземам државјанството на имигрантите што го нарушуваат домашниот мир и ќе го депортирам секој странски државјанин што е јавен товар, безбедносен ризик или некомпатибилен со западната цивилизација“, напиша тој.

„Овие цели ќе се следат со цел да се постигне значително намалување на нелегалното и деструктивно население, вклучително и оние примени преку неовластениот и нелегален процес на одобрување …“, продолжи Трамп. „Само ОБРАТНАТА МИГРАЦИЈА може целосно да ја излечи оваа ситуација.

Исто така, Среќен Ден на благодарноста на сите  освен на оние што мразат, крадат, убиваат и уништуваат сè за што се залага Америка – Нема да бидете долго тука!“ – порача Трамп.

Објавата на Трамп доаѓа како директна реакција на шокантниот напад што се случи само неколку блока од Белата куќа. Напаѓачот им се приближил на членовите на Националната гарда Сара Бекстром и Ендру Волф и отворил оган врз нив од блиску.

Почина припадничката на Националната гарда застрелана во Вашингтон

Најнови вести од: Свет

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

Трамп свикува голем состанок за „клучните минерали“

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска во Вашингтон организира голем состанок на високо ниво, познат како Critical Minerals Ministerial, на кој присуствуваат министри и претставници од Европската Унија, како и од десетици други земји, за да се разговара за критичните минерали – суровините што се неопходни за високотехнолошката индустрија, одбраната и енергетската транзиција.

Зеленски: Најмалку 55.000 украински војници убиени, многу повеќе исчезнати во војната на Русија

Кремљ продолжува да бара Украина целосно да се повлече од своите источни Донецк и Луганск области – вклучувајќи ги и деловите од регионот што Русија не успеа воено да ги освои и покрај речиси четири години војна

To top