Свет

Почина припадничката на Националната гарда застрелана во Вашингтон

Сара Бекстром, беше една од двајцата припадницци на националната гарда застрелани во средата

 

„Сара Бекстром од Западна Вирџинија, високо почитувана, млада, прекрасна личност. Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас“, рече Трамп во својата прва изјава во живо по пукањето, објави Ројтерс.

Властите го идентификуваа осомничениот за пукањето како Рахманула Лаканвал, авганистански државјанин.

Лаканвал, кој претходно работеше со владата на САД, вклучително и со ЦИА, дојде во земјата во 2021 година.

Тој аплицираше за азил во 2024 година, а администрацијата на Трамп му го одобри во април 2025 година.

Авганистанец е напаѓачот врз двајца припадници на националната гарда во Вашингтон

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top