Бизнис

(Фото): Инфлацијата порасна на 4% – храната и безалкохолните пијалаци поскапеа за 5,4%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември изнесува 4%, а индексот на цените на мало бележи раст од 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година пораснале за 0,6%.

Инфлацијата во земјава и натаму останува висока и не успева да се спушти под границата од 4 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во ноември повторно пораснале во споредба со истиот период лани, а раст бележат и цените на мало.

Во однос на претходниот месец, забележано е умерено месечно зголемување на инфлацијата, што укажува дека притисокот врз цените продолжува. Најсилен удар чувствуваат граѓаните кај храната и безалкохолните пијалаци, каде е евидентирано значително поскапување на годишно ниво.

Најголем раст има кај свежото овошје, месото, маслата и мастите, додека најизразено поскапување се бележи кај кафето, чајот и какаото – производи чија цена директно зависи од светските берзи.

Поради постојаниот раст на инфлацијата, Сојузот на синдикати на Македонија бара итен состанок на Социјално-економскиот совет за да се разговара за покачување на платите. Велат, работниците веќе не можат да издржат со вакви цени.

Од ССМ предупредуваат дека доколку институциите не реагираат, ќе следуваат притисоци на улица. Поскапувањата, велат, директно го јадат стандардот и ја продлабочуваат сиромаштијата.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top