Бизнис

За 2026-та ќе има повеќе пари за плати и пензии, но ќе растат и капиталните инвестиции – обезбедени 6,7 милијарди евра

Расправата помина со жестоки меѓусебни обвинувања на релација власт-опозиција. За опозицијата буџетот не е развоен, ниту социјален и е предизборен и нема допирна точка со реалноста. За власта пак буџетот е развоен и европски и носи силен инвестициски циклус и подобар животен стандард за граѓаните.

Буџетот за 2026 година е развоен, реален и одговорен, предвидени се пари за се – за економски раст, за поттик на инвестиции, за нова вредност, за подобри можности и подобар животен стандард на граѓаните. Вака владејачкото мнозинство го образложи буџетот пред пратениците. Со него се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, како и пари за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата. Економскиот раст за в година се очекува да порасне на 3,8%, а инфлацијата да падне на 2,5%.

Пратениците на вториот ден од расправата го донесоа буџетот за 2026 година тежок 6,7 милијарди евра. Гласаа вкупно 85 пратеници, 71 беа „за“ и 14 против. Расправата помина со жестоки меѓусебни обвинувања на релација власт-опозиција. За опозицијата буџетот не е развоен, ниту социјален и е предизборен и нема допирна точка со реалноста. За власта пак буџетот е развоен и европски и носи силен инвестициски циклус и подобар животен стандард за граѓаните.

  • „Сега имаме фискална дисциплина, наместо распаднати јавни финансии. Овој буџет е консолидиран, а не е напумпан. Овој буџет е европски, а не уличарски. Овој буџет има финансиска дисциплина. Воведуваме е-фактура, дигитализација на УЈП и Царината, минимален глобален данок, системски реформи. Да потсетиме, СДСМ остави хаос, неплатени обврски, буџетски дупки, непресметани долгови и ефикасност сведена на популизам и партиска администрација“, изјави Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Живееме во различна димензија. Кога зборувате ова трета економија, читајте Швајцарија е 42-ра, Германија 47-ма и да почнеме да ги жалиме Швајцарциве и Германциве како живеат. Пошто ние овде, не да ги донесеме овде во државава, за гревота како живеат тие нека дојдат во Македонија. Е таа е различната димензија. Јас зборувам за тоа што е бројка е реално во буџетот.“, рече Митрески од СДСМ.

„Ова ниво вакво на инвестиции, ваква структура е навреда за самиот збор капитални“, додава Митрески.

Во буџетот за наредната година вкупните приходи се проектирани на 6,1 милијарда евра, а расходите на 6,7 милијарди евра. Буџетски дефицит е планиран на 638 милиони евра или 3,5% проценти од планираниот БДП. За капитални инвестиции се проектирани 658 милиони евра. Се очекува раст на БДП од 3,8%, инфлација од 2,5%.

Во државната каса ќе се слеат повеќе пари од данок на личен доход за 8,7%. Најголем пораст ќе има кај приходите од данокот на добивка од над 14%. Од ДДВ во државната каса ќе се инкасираат 1,5 милијарди евра. Од социјални придонеси на граѓаните ќе се наплатат 1,98 милијарди евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top