Бизнис

Белгиската компанија СЦР „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Во 2024 „Сибелко“ оствари приходи од 2,225 милијарди евра и прикажа добивка од 131 милион евра. Во акционерската структура учествуваат главно неколку богати фамилии од Белгија и разни институционални или индивидуални акционери со многу помали удели. Од глобалните рударски корпорации, во изминатиот период единствено многу поголемиот играч „Англо Американ“ покажа интерес за инвестирање во Македонија и оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Белгиската компанија СЦР „Сибелко“, позната во светот по експлоатација на индустриски минерали и нивна продажба, регистрираше своја подружница во Македонија. Засега нема информација кој ќе биде коонкретниот интерес на мултинационалната корпорација, освен тоа дека регистрираната дејнст е рударство и вадење камен, пренесе Фактор.

SCR-Sibelco е глобална компанија со седиште во Белгија, која се занимава со екстракција, преработка и дистрибуција на индустриски минерали — особено на песоци, кварц, разновидни минерали како силициум, каолин, фелдшпат и други. Минералите кои ги нуди се користат во широк спектар индустрии – градежни материјали, металургија, пластики, електроника и друго. Конкретно, на пример од овие материјали се прават екрани за паметните телефони, или турбини за ветерници. Компанијата има многу локации низ светот со стотици рудници и објекти за преработка.

Со други зборови: SCR-Sibelco е глобален снабдувач на индустриски минерали и суровини како песоци, кварц, глини, фелдшпат, оливин и сл., кои потоа се користат како основа за разните индустрии.

Како групација има илјадници вработени и е застапена во 31 земја. Во 2024 „Сибелко“ оствари приходи од 2,225 милијарди евра и прикажа добивка од 131 милион евра. Во акционерската структура учествуваат главно неколку богати фамилии од Белгија и разни институционални или индивидуални акционери со многу помали удели. Од глобалните рударски корпорации, во изминатиот период единствено многу поголемиот играч „Англо Американ“ покажа интерес за инвестирање во Македонија и оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

 

Во структурата на бруто домашниот производ, според податоците на Државниот завод за статистика, рударската инудстрија во земјава учествува со само 1,5 отсто. За разлика од пред една деценија кога тоа изнесувало речиси 15 проценти.

Во тек е процедура за донесување нов Предлог-закон за рударство. Ресорното министерство тврди дека ќе се акцентира  заштита на животната средина. Од друга страна, има и коментари дека неговата главна цел е да ги олесни и забрза рударските операции, со што се создаваат ризици за екосистемите и водните ресурси

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top