Бизнис

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа, ама и најниски плати

Освен Македонија и Романија, Турција (75,7 евра), Босна и Херцеговина (82,5 евра), Црна Гора (82,6 евра) и Бугарија (87,1 евра) се далеку под просекот на ЕУ. Србија (95,7 евра) и Албанија (98,7 евра) се исто така поевтини од ЕУ. Меѓу „Големата четворка“ на ЕУ, цените на храната се повисоки од просекот на ЕУ и во Италија (104 евра) и Германија (102,9 евра). Шпанија (94,6 евра) е за 5,4% поевтина од ЕУ.

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа. Разликите во цените на храната во Европа се големи, а најновите податоци на Евростат покажуваат каде купувањето е најповолно, а каде најмногу ќе го оптоварите куќниот буџет. Храната претставува еден од најголемите трошоци за европските домаќинства, со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во Европската Унија, додека во земји како Романија овој удел се зголемува на 20%, пишува Euronews.

Споредбата на цените се базира на индексот на Евростат, каде што просечната цена на кошничката за храна во ЕУ е 100. Вредност над 100 означува повисоки цени од просекот, додека вредност под 100 означува поповолни цени. Според податоците, Швајцарија е убедливо најскапа земја со индекс од 161,1, што значи дека цените на храната се повисоки за 61,1% од просекот на ЕУ. По неа следат Исланд (146,3) и Норвешка (130,6).

Во рамките на земјите членки на ЕУ, жителите на Луксембург мораат најмногу да одвојуваат за храна, каде цените се за 25,7% повисоки од просекот, додека во Романија е најевтина.

Меѓу најголемите економии на ЕУ, цените во Германија и Италија се малку над просекот, додека Франција е значително поскапа. Шпанија, од друга страна, е за 5,4% поевтина од просекот на ЕУ.

Ниските цени на храната се карактеристични за Југоисточна Европа и Западен Балкан, а Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија се исто така значително под просекот.

Македонија е најевтината земја по цената на храната од сите 36 земји во Европа. Стандардната потрошувачка кошничка изнесува 73 евра, што е 27% поевтино од просекот во ЕУ.

Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top