Бизнис

Просечната плата в година ќе порасне за 10 отсто, а минималната за 7, очекува Јанкуловски

Минималецот треба да се зголеми во март меѓу 1.700 и 2.000 денари, најави заменик-министерот за финансии

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски очекува раст и на просечната плата, и на минималната во 2026 година.

„Во согласност со проекциите што ги имаме, очекуваме просечната плата да порасне околу 9,5-10 проценти, а минималната, согласно Законот, околу 7 проценти, односно од 1.700 до 2.000 денари. Тоа треба да се случи во март и тоа е сегашната позиција на Министерството за финансии, но останува ова прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет“, изјави тој во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ 21.

Најнови вести од: Бизнис

Успешниот домашен модел ја зацврстува регионалната експертиза: ЕОС Матрих се проширува во Косово

По успешното позиционирање на секундарниот финансиски пазар во Македонија и долгогодишното искуство во управувањето со побарувања и откупот на портфолија, ЕОС Матрих го прави следниот чекор во регионалната експанзија со обновување на активностите на пазарот во Косово. Проширувањето на активностите следува по усвојувањето на новиот Закон за банки на Косово, со кој се креираа услови за примена на современи методи и експертиза за управување со побарувања и откуп на портфолија од нефункционални кредити.

До 80 години отплата и животно осигурување на трошок на банката – нов кредитен пакет за пензионери од АЛТА банка

Со можност за отплата до 80 години старост и ризико животно осигурување целосно на трошок на банката, АЛТА банка отвора повеќе простор за личните планови, избори и финансиска сигурност на пензионерите преку новата платформа „ЗА ВАС.“

Божиновска за грчки “Енерџи Гејм”: Македонија станува клучна гасна раскрсница на Балканот

Енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа е новата улога што министерката Сања Божиновска ја најавува за Македонија по приклучувањето кон Вертикалниот коридор. Договорот беше потпишан на 4 септември во Солун, но патот од политички меморандум до гасна раскрсница зависи од изградбата на две клучни врски со Грција и Србија.

ММФ отвора центар за техничка помош за земјите од Западен Балкан и Молдавија

Меѓународниот монетарен фонд ќе отвори нов центар за техничка помош во Рим, наменет за земјите од Западен Балкан и Молдавија, со цел да им помогне во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети во процесот на пристапување кон Европската Унија. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оцени дека проширувањето на ЕУ повторно се наоѓа високо […]

To top