Македонија Свет

МНР ја потврди смртта на Македонката во Италија – Конзулатот е во комуникација со семејството

МНР се огласи по смртта на 10-годишното девојче со македонско потекло во Италија.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Македонија.

  • Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија, се наведува во соопштението.

Весникот „Ла Трибуна ди Тревизо” објави дека девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.

  • Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, повлечена од водната струја – пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења. Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.

Најнови вести од: Македонија Свет

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top