Македонија

Муцунски: Има сериозен интерес ОАЕ да инвестираат во Македонија

„Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“, истакна министерот

Во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на МТВ 1, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за активностите насочени кон зајакнување на економската и политичката соработка со Обединетите Арапски Емирати.

Притоа, тој информираше за сериозен интерес за инвестирање во државата, како и за подготовка и склучување на два значајни договори во областа на економската и трговската соработка.

„Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“, истакна министерот Муцунски.

Тој информираше дека во моментов постои активен институционален дијалог меѓу двете страни.

„Со ОАЕ веќе водиме активен дијалог помеѓу нашето министерство и нивното министерство за два договори – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции, и договор за слободна трговија“, нагласи Муцунски.

Говорејќи за конкретните можности, министерот посочи дека интересот од страна на Обединетите Арапски Емирати е јасен и конкретен.

„Интересот е конкретен, а финансирањето може да се обезбеди од нивна страна. Портфолиото на интерес е широко. Товарот за реализација на овие проекти лежи кај нашето министерство и ние, како институција, заедно со претседателот на Владата и другите надлежни институции, работиме максимално внимателно и одговорно на овој договорен аранжман со Обединетите Арапски Емирати“, рече министерот.

Муцунски нагласи дека Владата има јасна амбиција за подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку привлекување странски инвестиции и поддршка на домашните компании.

„Владата има конкретни резултати во привлекувањето странски инвестиции и во промоцијата на нашите компании во странство, и ќе продолжи максимално фокусирано да работи на овие проекти“, истакна тој.

Во однос на динамиката на инвестиционите одлуки, министерот посочи дека станува збор за сложен процес кој бара внимателен и одговорен пристап.

Како потврда за сериозноста на разговорите и насоката на соработката, Муцунски го издвои своето неодамнешно присуство во Обединетите Арапски Емирати и учеството на форум од затворен формат „Сир бани Јас“, нагласувајќи дека бил првиот министер за надворешни работи од нашата земја поканет да учествува на овој форум.

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: Жерновски, внукот на бугарски кмет и застапник на бугарскиот став за Македонија, со Филипче се симбол на предавство и скандали, не на нов почеток!

„На штета на македонскиот идентитет и позиции, Андреј Жерновски, неуспешниот политичар, јавно говореше во полза на бугарскиот став за Македонија, но тоа не му било воопшто проблем.о оглед на тоа што неговото семејно потекло и фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет. Жерновски и Филипче, имиња кои се поврзуваат со СДС од транзицијата, не се нови кадри, туку се кадри, кои неколкупати се виновни за поразите на СДС низ годините. И по сите неуспешни обиди во политиката, од градоначалнички избори до скандалозни ‘дипломатски’ активности Жерновски се стави на располагање заедно со Филипче да биде најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешното соопштение за јавноста.

To top