Македонија

Апсурди на Адеми: Костадиновски го претвора Уставниот суд во „мајоритарно параполитичко тело“?! Во него мора да се применува бадинтеровиот принцип!

„Пристапот на претседателот на Уставниот суд ги загрозува Рамковниот договор и правата на Албанците.“ – изјави генералниот секретар на Демократската унија за интеграција. Тој тврди дека ставовите, што ги искажа првиот човек на Уставниот суд Дарко Костадиновски, ја преобразуваат оваа институција во мајоритарно параполитичко тело во функција на поништување на Охридскиот договор! Адеми е убеден дека е сега моментот за примена на бадинтеровиот принцип и во Уставниот суд!“ – ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“. Но, дали токму барањето на ДУИ да се применел бадинтеровиот принцип и во Уставниот суд би го претворило и навистина во „параполитички суд“ според „етничката кројка“ на „интегративците“ – пракса каква што нема никаде во светот, во функционирањето на ниеден уставен суд во која било држава?!

Натаму порталот наведува: Арбер Адеми смета дека „последните изјави на претседателот на Уставниот суд се непрофесионални и тенденциозни“, но и „спротивни на уставните принципи и Охридскиот договор“. Според Адеми, изјавата „ниту даваме, ниту земаме“, проследена со предупредувања за усогласување со Уставот без транспарентност, „директно е во спротивност со амандманот 5 на Уставот и претставува флагрантно кршење на правата на Албанците“.

Тој вели дека „недостатокот на транспарентност и затворените процеси предизвикуваат легитимна вознемиреност кај Албанците“, кои, според него, „со право гледаат опасност од едностран, мајоризирачки пристап и без професионална аргументација“.

Адеми ги критикуваше „ставовите против спроведувањето на бадинтеровиот принцип во донесувањето одлуки на Уставниот суд“. Според Адеми, „бадинтер не е политички изум, туку суштински уставен механизам за заштита на заедниците и зачувување на мултиетничкиот карактер на државата“.

„Исклучувањето на бадинтеровиот принцип од донесувањето одлуки за прашања, што директно влијаат врз колективните права, не го зајакнува владеењето на правото, туку го поткопува“, тврди Адеми, додавајќи дека „правдата не може да се одвои од уставната и општествената чувствителност“. – објави „Алмакос“.


Најнови вести од: Македонија

Македонската армија слави 34-ти роденден

Со учество во меѓународни мисии, поддршка на цивилните институции, исполнување на НАТО-целите за способности и континуирана модернизација, таа останува посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

To top