Македонија

Судот одби одложување на случајот „Бугарска меморија“ против Македонската партија во Албанија

Претходно, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, доби и неколку закани од Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“

Судот во Корча ја одби можноста за ново одложување во предметот кој го почна организацијата „Бугарска меморија“ на бугарски тајкун против Македонската алијанса за европска интеграција.

 

Судијката на Основниот суд во Корча, Гентијана Шукулари, со официјален допис ја извести единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот претседател Васил Стерјовски дека на следното рочиште, закажано за 4 февруари 2026 година, нема да толерира нови барања за одложување на постапката.

 

Во дописот, судијката нагласува дека поради континуираните барања за одложување за време на подготвителните дејствија, со образложение дека е потребно обезбедување присуство на избраниот правен застапник, судењето било повеќепати одложувано. Поради тоа, судот предупредува дека вакви барања повеќе нема да бидат земени предвид.

 

„Во случај правниот застапник што сте го избрале да не е во можност да ве застапува на подготвителната седница на 04.02.2026 година во 13:00 часот и во продолжението на судењето, ќе мора да изберете друг правен застапник или самите да се застапувате пред судот“, стои во дописот на судијката Гентијана Шукулари, упатен до претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски.

 

Тужбата е поднесена од фондацијата „Бугарска меморија“, предводена од Милен Врабевски од Бугарија, преку адвокатска канцеларија од Тирана, против Македонската алијанса за европска интеграција и нејзиниот претседател. Фондацијата бара од Основниот суд во Корча МАЕИ да ѝ надомести нематеријална штета во износ од 10.000 евра, наводно предизвикана од „клеветнички и навредливи изјави што го нарушуваат угледот“.

 

Покрај финансското обештетување, фондацијата бара МАЕИ јавно да објави извинување на својата официјална веб-страница и во печатени медиуми, како и истото извинување да го достави до државните и меѓународните институции до кои претходно бил испратен дописот со, како што тврдат, „клеветнички и навредливи изјави“, како и да ги покрие судските трошоци.

 

Тужбата следува по дописот што МАЕИ на 24 јануари 2024 година го испрати до премиерот на Албанија, Еди Рама, највисоките државни институции и странските амбасади во земјата, со кој побара забрана на активностите на фондацијата „Бугарска меморија“ во Албанија.

 

Во тој допис, МАЕИ ја изрази својата постојана загриженост за положбата на македонската заедница во Албанија, која, според партијата, „се соочува со континуирани обиди за асимилација од страна на бугарските власти, користејќи го членството на Бугарија во Европската Унија“.

 

„Бугарските власти користат различни средства и методи за асимилација на македонската заедница во Албанија и за создавање непостоечка бугарска заедница. Забележителен пример за тоа е активноста на фондацијата ‘Бугарска меморија’ и нејзиниот претседател Милен Врабевски, која, поддржана од разни бугарски структури, преку донации корумпира албански функционери со цел асимилација на Македонците во Албанија“, стоеше во дописот на МАЕИ.

 

На претходните рочишта, судијката Гентијана Шукулари понуди можност за спогодба меѓу странките. Адвокатите на фондацијата изразија начелна подготвеност за спогодба, под услов МАЕИ јавно да се извини и да престане со јавните обвинувања.

 

На тоа, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, остро одговори дека „ние сме Македонци и никогаш нема да прифатиме дека сме Бугари“, додавајќи дека преку оваа тужба се врши притисок за замолчување на единствениот политички субјект што се бори за правата и идентитетот на Македонците во Албанија.

 

Стерјовски пред судот истакна дека фондацијата, иако се претставува како добротворна, всушност претставува „инструмент на бугарската држава за асимилација на македонското малцинство во Албанија“, нагласувајќи дека нејзините активности се реализираат во тесна координација со бугарската влада, Министерството за надворешни работи на Бугарија и бугарската амбасада во Тирана.

 

На значењето што Бугарија му го придава на овој судски процес, според МАЕИ, укажува и фактот дека на сите досегашни рочишта во Основниот суд во Корча, покрај адвокатите на фондацијата, присуствува и претставник на бугарската тајна служба ДАНС (Државна агенција за национална сигурност).

 

Во текот на 2025 година, повеќе бугарски медиуми, како и Виктор Стојанов, познат бугарски националист на кого му е забранет влез во Албанија по барање на МАЕИ, објавуваа тврдења дека судот во Корча ќе го казни претседателот на МАЕИ во спорот со фондацијата „Бугарска меморија“.

 

Бескрупулозниот притисок од бугарските структури врз единствената македонска партија во Република Албанија, беше осуден и од Европската слободна алијанса (ЕФА), политичка групација што ги претставува малцинствата во Европскиот парламент. ЕФА ја изрази својата загриженост во резолуцијата усвоена на 10 мај 2025 година, на Генералното собрание во Нант, Франција.

 

Претходно, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, доби и неколку закани од Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, при што последната закана беше дека ќе поднесе кривична пријава против него во Јавното обвинителство во Тирана, поради ставот дека во Албанија не постои бугарско малцинство.

 

Поврзана вест

Според ОН бугарските активности против Македонците во Албанија создаваат безбедносни предизвици

Специјален известувач на ОН: Бугарската инструментализација на малцинствата во Албанија е сериозна закана за човековите права и безбедноста

 

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top