Свет

Милановиќ: Лицемерно е да и се ветува членство на Украина во ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека, за жал, Европската Унија со години убива некои земји

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека, за жал, Европската Унија со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори

„Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни. Таа е во војна, а што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Тоа се фактите. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ“, рече Милановиќ.

Милановиќ им го кажа ова на новинарите откога го угости својот полски колега Петер Пелегрини одговарајќи на прашање за членството на Украина во Европската Унија.

„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за тоа“, рече Милановиќ, а потоа продолжи да зборува за средствата за одбрана:

„Практично, ѝ дадовме на Украина 35 тенка подарок и ништо не добивме за возврат. Добивме трошки од Германија“.

„Способности, а не проценти, тоа е она што е важно“, рече Милаовиќ и продолжи:

„Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп кажувајќи му, без никаков сарказам, дека цените на оружјето треба да се намалат. Американците, Германците, Французите и Британците се како агенти за продажба на сопствените одбранбени индустрии. А ние, од друга страна, сме купувачи и купуваме неверојатно скапа стока кога ќе ја добиеме. Тоа се фактите и на оној што не му се допаѓа нека престане да живее во свет на фантазии“.

Тој исто така коментира за критиките дека словачкиот претседател Роберт Фицо е руски човек.

„Руски човек, што значи тоа? Го познавам. Тој не е руски човек, дури ни во однос на афинитетите, но во некои критични ситуации ќе се однесува како што се однесува“, рече Милановиќ.

Тој вели дека нема никаква врска со Русите, но не може да биде изненаден кога тоа доаѓа од луѓе што ги поминале своите кариери како руски пудлици.

„Дали е ова уреден начин на комуникација?“, праша претседателот на Хрватска и рече:

„Овие приказни дека сум руски човек се одвратни и доаѓаат од луѓе што треба да внимаваат што зборуваат“, објави хрватскиот портал „Дневник“.

Најнови вести од: Свет

Јапонија и САД ќе соработуваат во ископување на ретки земни метали од океанското дно

Јапонија и Соединетите Американски Држави имаат намера да соработуваат во рударството на ретки земни метали во водите околу островот Минамиторишима, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи. „Обезбедувањето различни начини за рударство на ретки земни метали е важно и за Јапонија и за САД. Ќе продолжиме да разгледуваме специфични начини Јапонија и САД да соработуваат во развојот […]

Папата повика на „длабоко размислување“ за начинот на кој се третираат мигрантите во САД

Папата Лав Четиринаесетти повика на „длабоко размислување“ за начинот на кој се третираат мигрантите во САД, каде што рече дека многу луѓе се длабоко погодени од контроверзната политика за масовна депортација, објави Би-би-си.

Русија го исполнува ветувањето на Путин: „Орешник“ во масовно производство

Русија започна сериско производство на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, објави претседателот Владимир Путин. Ова соопштение доаѓа речиси една година по неговото ветување од декември 2024 година дека масовното производство ќе започне „во блиска иднина“

To top