Македонија

Орхан Ибрахими: Навистина ли верувате во пописот на ДУИ, дека Албанците се само 29 отсто?

Поранешниот пратеник и потпретседател на ДПА го критикува удирањето в гради на интегративците за пребројувањето на населението

Фалењето на Демократската унија за интеграција со пописот од 2021 година го осуди експратеникот на Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи.

„Дали навистина верувате во разните Муси, Бујари, Азизи, Ризвани, Артани и таквите како нив?! Дали навистина мислите дека Албанците се 29 проценти и оти пописот од 2021 година е епохално достигнување на ДУИ?!

Дали имате идеја дека ние Албанците на оваа територија сме само 29 отсто?

Пописот од 2021 година е фарса, тоа е голема измама, тоа е вистинското лице на ДУИ како параполитичка организација. Најозлогласените словенски елаборати и проекти, изработени пред два века, наследени и обработени дури и денес, се вградени во него, без да се менува ниту целта, ниту суштината, ниту точка-запирка.

За да се разјасни колективниот ум на Албанците и да се разберат ваквите манипулатори, кои во суштина носат најморбидни антиалбански идеи, еве само три мали факти кои покажуваат сосема поинаква реалност од презентираната:

1. Стапката на наталитет кај Албанците во оваа земја е 35 отсто, според истите институции кои го спроведоа пописот на населението, односно 6 отсто повеќе од 29 отсто, без да се вклучи стапката на наталитет кај Албанците во дијаспората, фактор што драстично би го променил овој процент.

2. Регистрацијата на албански деца во прво одделение е околу 34-35 отсто, бројка речиси идентична со стапката на наталитет во земјата. Секако, ова не го вклучува најранливиот дел од нацијата, дијаспората.

3. Исламската заедница, за свои потреби, има своја статистика за верската припадност на семејствата: исламска, православна и католичка. Овие податоци ја откриваат големата вистина дека словенските институции, заедно со параполитиката, се обидуваат да го држат скриен и манипулиран вистинскиот процент на етникуми.

Според официјалните податоци од оваа институција, 45-50 отсто од семејствата во земјата припаѓаат на исламската бероисповед.

На крајот на краиштата, дали навистина мислите дека на една држава ѝ е потребна статистичка операција за регистрирање на населението и за прецизно утврдување на процентот на етникуми во земјата?

Дали мислите дека една држава во 21. век е без модерна технологија, без Државен завод за статистика, без Министерство за внатрешни работи, без ИТ-експерти и институции – кои со еден клик, за неколку секунди можат да извлечат податоци со висока точност?

Стоп!

Кажете НЕ на параполитиката, слугите и шарлатаните, чија мисија е лаги, манипулација и измама, бидејќи само во овие валкани и затруени води можат да преживеат“, коментира Ибрахими на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

МНТ слави 80 години со сценски спектакл: „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Најнови вести

To top