Македонија

УХМР: Ниски температури низ земјава, снег само во Крива Паланка

Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Утрово низ Македонија беа измерени ниски температури, со најстудено на Попова Шапка каде што термометарот покажа -11 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температури под -8 степени се забележани во Куманово (-9), како и во Скопје-Петровец, Берово и Крива Паланка (-8 степени).

Во Тетово, Демир Капија и Маврови Анови утринската температура изнесуваше -7 степени, додека -6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци и Крушево. Во Прилеп измерени се -5, во Гевгелија и Претор -3, а во Охрид и Битола -2 степени.

Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово, најголеми количини на наврнат воден талог се регистрирани во Охрид (5 л/м²), Маврови Анови (3 л/м²), како и во Тетово, Демир Капија и Пожар (по 2 л/м²). По еден литар по квадратен метар наврна во Крива Паланка и Крушево. Снежна покривка од 1 сантиметар е измерена само во Крива Паланка.

Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и северните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на ноќта можен е повремен дожд. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 4 степени.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top