Македонија

Му помогнале да избега откако прегази пешак, ОЈО поднесе обвинение

Со автомобил “Мерцедес” мажот и жената дошле до домот на осомничениот 18-годишен Саит Саитов и му помогнале да побегне од државата преку граничниот премин Табановце

Обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.

Со автомобил “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот 18-годишен Саит Саитов и му помогнале да побегне од државата преку граничниот премин Табановце во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

Јавниот обвинител, со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје.

Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.

Меѓународна потерница по Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top