Свет

Германија воведува доброволен воен рок од шест месеци

Според медиуми, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителен воен рок, ако има потреба

Германската влада планира да воведе воен рок, кој првично би се базирал на доброволна основа.

Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија, СПД ) пред група парламентарни претставници претстави нацрт-закон за воена обврска што би се базирала на доброволност.

Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи по лично барање на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.

Според медиуми, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителен воен рок, ако има потреба.

Прашалниците кои се користеле за регрутирање на нови доброволни регрути биле дистрибуирани до сите членови на геенрацијата, кои потоа се изјаснувале дали се подготвени за воена служба или не. За мажите пополнување на прашалникот било задолжително, додека за жените не.

Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност, бидејќи не беше можно да се овозможи на сите членови на една генерација да служат во војската.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top