Свет

Венецуела ги дава нафтените полиња на странски инвеститори

Според некои проценки, Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот, но нејзиниот потенцијал далеку го надминува нејзиното вистинско производство

Приватизација.на нафтените полиња , вчера одобри Националното собрание на Венецуела. а претходно в.д. претседателката  Делси Родригез, потпиша закон со кој се одобрува приватизацијата на нафтениот сектор во земјата.

Сега спроведените измени следуваат по американскиот воен напад врз Венецуела на почетокот на јануари, при кој администрацијата на Трамп  го зароби тогашниот претседател Николас Мадуро. Родригез го предложи олабавувањето откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека американската влада ќе ја преземе контролата врз  извозот на нафта  од  Венецуела.

Американската влада следи амбициозен план за обнова на нафтениот сектор во Венецуела. Според Вашингтон, САД имаат намера  да ги администрираат продажбите на нафта  „на неопределено време“, пиува Дојче веле.

Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот, но нејзиниот потенцијал далеку го надминува нејзиното вистинско производство

Со овој закон се поништува принципот на самопрогласеното социјалистичко движење кое владее со земјата повеќе од две децении од веремето на екс-претседателот на таа земја Хуго Часвез.

По „киднапирањето“ на авторитарниот лидер Николас Мадуро од страна на американската војска на почетокот на јануари, американскиот претседател Доналд Трамп повика на инвестиции во венецуелскиот нафтен сектор. Се очекува ова да им корист особено на САД.

Законот предвидува приватните компании да имаат контрола врз производството и продажбата на нафта и ќе овозможи независна арбитража на споровите.

Владата, пак, очекува овие промени да бидат гаранција за големите американски нафтени компании, кои досега не сакаа да се вратат во нестабилната земја.

Некои од тие компании ги загубија своите инвестиции кога владејачката партија на Венецуела пред две децении донесе закон во корист на државната нафтена компанија на Венецуела.

Законот последен пат беше изменет пред две децении, кога претходникот на Мадуро, Уго Чавез, воведе строга државна контрола врз нафтената индустрија, столб на неговата револуција инспирирана од социјалистите.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top