Македонија

Возеле и без дозвола и со забрана за возење: уапсени 11 лица, одземени им се возилата

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени дури 11 лица кои возеле автомобил, иако не исполнувале услови. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, овие 11 возачи се лишени од слобода поради возење со активна забрана за управување возило, без возачка дозвола или под дејство на алкохол.

– Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола.
Седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Уапсен е и возачот во Демир Капија кој се заканувал на неговата сопруга и со тврд предмет го нападнал неговиот татко.
Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – се наведува во нивната објава.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top