Македонија

Касами: Можно е Министерството за здравство да оди кај ВМРО-ДПМНЕ

Еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, изјави дека владата дискутира какви комбинации треба да се направат во врска со министерските места што ќе бидат испразнети со заминувањето на АА и Арбен Таравари во опозиција. Таравари, кој е министер за здравство, синоќа објави дека тој и неговата партија конечно ја напуштаат владата и ќе преминат […]

Еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, изјави дека владата дискутира какви комбинации треба да се направат во врска со министерските места што ќе бидат испразнети со заминувањето на АА и Арбен Таравари во опозиција.

Таравари, кој е министер за здравство, синоќа објави дека тој и неговата партија конечно ја напуштаат владата и ќе преминат во опозиција.

Касами, во интервју за „360 степени“, рече дека не ја исклучува можноста ВРЕДИ да го „даде“ Министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат да добие друго министерство. Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

По покана од Марко Рубио, Муцунски утре и задутре во Вашингтон

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

Најнови вести

To top