Свет

Фицо: Економијата на ЕУ е во катастрофална состојба, ако не сториме ништо, ќе стане музеј под отворено небо!

Економијата на Европската Унија (ЕУ) е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели, нагласи словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми.

Лидерите на ЕУ денеска се состануваат на разговори, што ги свика претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, за да влијаат врз насоката на економската политика на блокот во услови на зголемен притисок врз конкурентноста и предизвици за Европската унија, поради стратегиската зависност од критични суровини од трети земји.

„Се упатувам кон Белгија на неформален самит, каде што ќе разговараме што да правиме со економијата на ЕУ, која е во ужасна состојба поради смешни климатски и идеолошки цели. Подобро е да се каже дека е во катастрофална состојба. Ако не направиме ништо оваа година, пред сè со цените на електричната енергија, Европа нема да стане ништо повеќе од културен музеј на отворено за богати кинески туристи.“ – предупреди словачкиот премиер Фицо.

Прашањето за високите цени на електричната енергија беше истакнато и за време на вчерашниот самит на европската индустрија во Антверпен, на кој присуствуваа високи претставници на околу 500 водечки европски компании.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

To top