Бизнис

Колку македонскиот работник е продуктивен дома и во странство?!

Ќе ја подгрее ли инфлацијата саканата минималната плата од 600 евра?! Ќе има ли повисоки цени во маркетите?! Економистите велат, примамливо звучи примањата да се зголемат за 50%, но доколку не е покрепено со зголемана продуктивност, тоа не може да помине без ефекти во економијата.

Продуктивноста на трудот на работниците на тест за издржливост. Според Меѓународната организација на трудот, Македонскиот работник е двојно попродуктивен со поголема економска вредност од платата што ја добива. Од Сојузот на синдикати со став, индикаторот за БДП по одработен час во Македонија е 34 долари, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Тоа, според нивните пресметки значи дека работник кој зема минималец добива само 17% од вредноста што ја создава.

Бизнисот ја користи непродуктивноста како изговор за незголемување на минималецот, вели првиот човек на Конфедерацијата на работодавачи.

  • „Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи како флоскула за незголемување на минималната плата – дека работодавачите не знаат, ама мора да научат што значи продуктивност“, вели во интервју за РСЕ Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи. Посочува дека се единствените од бизнис секторот кои не ја проблематизираат продуктивноста на македонските работници. Освен 50-тина компании во земјава, останатите воопшто и немаат воведено одредени стандарди за мерење на продуктивноста, вели тој.
Барањата за повисок минималец ја разбрануваа темата. Според експертската фела, ако порасне минималната плата на 600 евра, ќе се подгрее инфлацијата, односно ќе има повисоки цени.

Според економистите, примамливо звучи примањата да се зголемат за 50%, но ако тоа не е покрепено со зголемана продуктивност, ќе има негативни ефекти во економијата.

  • Упорноста на инфлацијата што ја видовме во текот на 2025, и особено во втората половина од 2025 во голема мера може да се препише на пензиите којашто беше предизвикана од ад-хок зголемувањата. Во кумулатив тие изнесуваа, сега со март ќе изнесуваат 8.000 денари по пензионер. Значи, тоа кога ќе го поможните по бројот на пензионери годишно добивате бројка што е на 200 милиони евра годишно повеќе во економијата. Што гледано од индивидуална перспектива е позитивно, секој е задоволен со повеќе примања, меѓутоа, тоа е главната причина зошто инфлацијата не можевме да ја собориме побрзо од ова што е ситуација сега. Значи, ако зборуваме од тој обем по работник, а работници имаме дупло повеќе од пензионери, тогаш можете да замислите каков притисок ќе направи врз инфлацијата, вели Марјан Петрески од Фајнанс тинк.

Продуктивноста на работниците најмногу зависи од условите на работното место. Државната статистика објави дека месечната инфлација во јануари се намалила за 0,7%, што според стопанството е добар индикатор, иако на постојат ризици, како домашни, така и глобални.

Најнови вести од: Бизнис

Обука за идни лидери и претприемачи – Започнува 18. издание на ЛИДЕР, проектот на „Македонија 2025“

Програмата опфаќа клучни бизнис области како стратегија, маркетинг, финансии, управување со човечки ресурси, развој на производ, подготовка на бизнис план и лидерство. Наставата се одвива преку студии на случај, интерактивни симулации и практични вежби, дополнети со индивидуални менторски сесии со инструктори од Канада.

Ќе има ли поевтинување на храната по Велигден?!

По Велигден, прашањето кое се поставува е дали ќе има поевтинување на храната или цените ќе продолжат да растат. Владата најави мерки за утре, но засега без конкретни детали. Во изминатите денови, цените на дел од прехранбените производи покажуваат раст, додека очекувањата кај граѓаните се дека по празниците ќе следи стабилизација.

Нов скок на цената на нафтата по целосната поморска блокада на Иран

Цената на нафтата забележа значително зголемување во почетната фаза на тргување, откако Соединетите Американски Држави објавија дека од денеска стапува на сила целосна забрана за пристап до иранските пристаништа.

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

To top