Македонија

Тетово лидер по бројот на одземени возила од стартот на „Безбеден град“

На територијата на СВР Тетово од 1 до 16 февруати се запленети 14 возила од вкупно 90 низ целата држава

Со 14 одземени возила од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ во полн капацитет, територијата на Секторот за внатрешни работи Тетово е водечки меѓу осумте регионални полициски управи во Македонија.

Во периодот од 1 до 16 февруари, по налог на јавниот обвинител, 13 возила се одземени на територијата на СВР Велес, 12 на СВР Битола, по 11 во СВР Струмица и во СВР Куманово.

За малку повеќе од две недели полицијата заплени вкупно 90 возила низ целата земја, а најчеста причина е возењето без возачка дозвола, за што се смета кога возачот никогаш не полагал испит, кога му е трајно одземена дозволата или кога вози додека има привремена забрана.

Возилата се чуваат во полициски станици, а понатамошните постапки се во надлежност на Обвинителството и на судовите, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Најновите податоци покажуваат дека минатата недела имало намалување на бројот на сообраќајни прекршоци евидентирани од системот „Безбеден град“.

 

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top