Македонија

Скопјанец застанал да помогне ама го измамиле

Возач кој снемал гориво му „увалил“ лажен накит

Скопјанец на возраст од 32 години вчера бил измамен од непознато лице за сума од 800 евра. Случајот бил пријавен вчера околу 15 часто во СВР Скопје.

Возејќи со својот автомобил скопјанецот застанал на знак на непознатиот, кој му побарал пари за да стави гориво во својот автомобил, бидејќи снемал и пари и гориво. Како што е пријавено, се договориле непознатиот да му го продаде личниот златен накит за 800 евра, на што скопјанецот се согласил. Подоцна отишол во златарница и таму го известиле дека накитот не е златен, по што го пријавил случајот.

СВР Скопје информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top