Македонија

Сведоштво: Врховен судија настрадал затоа што одбил неправда за Јанкуловска во случајот „Мерцедесот“

Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во нечовечки политички прогон кон екс министерката

 

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.

Катевеновски посочи дека формално бил разрешен во контекст на случајот „Кочан“, но тврди дека вистинската причина била неговиот став во врска со предметот за набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше осудена на затворска казна.

 

Во разговорот во „Претрес“, Катевеновски појасни дека како судија добил предмет од Специјалното јавно обвинителство и дека, според неговата оценка, во конкретниот случај недостасувале клучни елементи за постоење на кривично дело злоупотреба на службена положба.

 

„За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, рече тој.

 

 

Катевеновски нагласи дека не го потпишал предлогот за потврдување на пресудата и дека пред колегите изнел мислење дека предметот треба да биде укинат. Според неговото тврдење, само еден ден по изнесувањето на таквиот став, бил разрешен, а одлуката за предметот ја донел друг судија, јавува Скопје1.

 

На прашањето дали смета дека по секоја цена морало да се потврди предметот затоа што потекнува од Специјалното јавно обвинителство, Катевеновски одговори дека не се покајал за својата одлука и дека и денес би постапил исто.

 

„Не само за Јанкулоска, туку за било кој – правично судење“, истакна тој, додавајќи дека принципите на правдата не зависат од личноста, туку од доказите.

 

Случајот повторно ги отвори прашањата за притисоци врз судиите и за начинот на одлучување во предмети со висок јавен интерес.

 

Во видеото и за високо профилни случаи меѓу кои и за групата од Грчец.

Најнови вести од: Македонија

Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!

На 17 јуни, Уставниот суд ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната […]

Мицкоски му одговори на Таравари, кој бараше „гаранции за ЕУ“ и за „Бугари во устав“: Гаранција за ЕУ е конечен раскин на договор со „Ѓока констракшн“!

„Нема поголема гаранција за евроинтегративниот пат на државата од конечното раскинување на договорот со фирмата „Ѓока констракшн“, ја коментираше премиерот Христијан Мицкоски синоќешната изјава на челникот на неговото крило во Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој самиот се понуди дека „подготвен да влезе повторно во Владата со задоволување гаранции околу евроинтеграциите“. „Основниот предуслов е гаранција за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ.“ – кажа „јасно и гласно“ Таравари. Инаку „Ѓока Констракшн“, компанија од Албанија, е поврзувана со фирмата на Дрин Ахмети, внук на лидерот тогаш владејачката ДУИ – Али Ахмети, при преземањето на трговскиот центар „Соравија“ а своевремено беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар, кога министер за здравство беше Арбен Таравари.

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Најнови вести

To top