Македонија

(Фото): Кој фрлил суви дрва полиени со бензин во пожарот кај Блаце?!

Од ДЗС велат дека дури и да почне да се шири огнот кој Блаце и планината натаму, ќе му требаат неколку часа за да стигне до манастирот, а на терен има и пожарникари и локално население, кои цело време ја ставаат под контрола состојбата.

Сѐ уште се шири и пожарот кај Блаце кој избувна пред неколку дена, а Министерството за внатрешни работи целосно го регулира сообраќајот во делот од Стенковец кон граничен премин Блаце и го затвори граничниот премин.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојаче Ангелов, испрати видеопорака во која вели дека нема опасност за куќите, но забележал суви дрва кои биле фрлени среде пламените јазици, сакајќи да се направи поголема штета. Ангелов упати апел секој кој ќе се забележи дека е сомнителен, или дека превезува дрвва или слични запалливи супстанци, веднаш да го пријави во полиција на 112.

Во меѓу време, големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици во Скопје, но сосема јасно се гледа каде чади од скопската обиколница, посебно од делот кај Волково.

Освен пожарот кој избувна над магистралниот пат кон Блаце во близина на Скопје, чад се крева од повисоки делови. Директорот на ДЗС, Стојаче Ангелов, и претходно од Чучер-Сандево испрати видеопорака во која вели дека нема опасност за куќите. Но апелира на внимателност.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во тридневна посета на Македонија (ВИДЕО)

Посетата на Скопје се оценува како значаен дипломатски чекор во развојот на односите меѓу Македонија и Индија и отвора можности за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се Таравари, ДУИ и СДСМ да реагираат на скандалот со водата во Гостивар

Беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност

Македонски поет со суптилна рецензија за (не)грчкиот филм за Хомер

Младиот македонски поет и писател Дарко Лешоски објави остра и искрена рецензија за најновиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, која за само еден ден собра над 1.000 лајкови и стотици коментари на Фејсбук

To top