Бизнис

Стартува реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Прва голема обнова на „Свети Апостол Павле“ по 60 години. По легализацијата на аеродромот во Охрид, следува негова реконструкција, најави Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. Тој рече дека токму легализацијата на аеродромот била пречка да се почнат големи градежни зафати. Планот е да се изгради нова административна зграда со површина, нов канцелариски простор, помошни простории, нов простор за обезбедување, како и целосна реконструкција на постојната терминална зграда.

Следната недела ќе започне реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, прва по неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според Николовски, преземени се активности и аеродромот е легализиран, што, нагласува тој, бил тежок процес.

  • „Реконструкцијата ќе биде прва од ваков вид од нејзината изградба. До неодамна, тоа беше нелегален објект, го имавме пред нас, но го немаше на хартија. Успеваме да го легализираме, што е штета за државата што еден од двата аеродроми го нема на хартија. Беше тежок процес бидејќи мора да се регистрира целата инфраструктура. Но, тоа е завршено, а потоа следува реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници и очекувам туристичкиот дел да биде насочен таму, а деловниот дел да дојде во Скопско“, изјави вицепремиерот Николоски.

Николоски, исто така, потсети дека се работи на договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија и дека очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји. Паралелно, откако неодамна беа најавени нови летови од Скопје до италијанските острови Сицилија и Сардинија, сега Николоски очекува за брзо да има нова врска и со Саудиска Арабија. Во следните месец и половина ќе се преговара за лет од Скопје до дестинација во оваа земја. Владата од стартот на мандатот досега воведе 23 нови летови од аеродромите во Скопје и Охрид.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top