Македонија

Вицепремиерот Николоски во работна посета во Вашингтон

Обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот, информираат од ресорното министерство.

На годишниот форум насловен како ,,Transforming Transportation 2026″, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.

Николоски е предвидено да има свое обраќање на главната пленарна сесија заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. Вицепремиерот Николоски ќе зборува на тема ,,Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките Пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8.

За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата, Министерството за транспорт во партнерство со Банката.

Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата.

За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top