Свет

Зеленски: Русија синоќа употреби речиси 400 дрона и 18 ракети во Украина

Тешка ноќ за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа почнала масовен комбиниран напад врз Украина користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и речиси 400 дрона за напад.

„Оваа ноќ Русија почна масовен комбиниран напад, кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и приближно 400 дрона за напад, од кои речиси200 се од типот ‘Шахед’“, напиша Зеленски на „Телеграм“, пренесува „Укринформ“

Според него, главна цел на нападот биле главниот град и регионот Киев, а биле нападнати и регионите Чернигов,Суми, Полтава, Кировоград и Харков. Во нападот врз Киев две лица загинале, а 16 биле повредени, рече Зеленски.

„Ова е очигледна ескалација на теророт од страна на Русија: стотици маченици секоја вечер, постојани напади, масовни напади врз украински градови. Ова значи дека е потребно забрзување. Мора да бидеме побрзи со санкциите и да извршиме притисок врз Русија за да ги почувствува последиците од својот терор“, истакна тој.

Како што изјави претседателот на Украина, „партнерите мора да бидат побрзи со инвестициите во производство на оружје и развој на технологијата“.

Тој исто така најави преговори со партнерите.

„Денес, ќе разговарам со партнерите за дополнително финансирање за производство на пресретнувачки беспилотни летала и снабдување за воздушната одбрана на Украина. Задачите се апсолутно јасни. Мора силно да одговориме на ваквите руски напади. Токму така ќе одговориме“, предупреди Зеленски.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top