Хроника

Двајца кавадарчани лишени од слобода за најдена дрога во домот на едниот

Пронајдената марихуана била одземена од полициските службеници на ОВР Кавадарци, а двајцата биле приведени во станица

Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа во 21:10 часот ги лишија од слобода кавадарчаните А.Б. (47) и М.М. (37), откако била пронајдена и одземена марихуана при претрес во домот и во помошните простории на А.Б., извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, а кадешто бил затекнат и М.М.

Двајцата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, најави Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Во туѓо име подигнувал надомест за невработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од Саса,  Македонска Каменица, поради постоење основани сомнежи за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Жител (40) од Пробиштип подолго време им се заканувал на три жени и со употреба на електрошокови им изнудил 1800 евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип, поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести

To top