Бизнис

Гувернерот Трајко Славески нема да поднесе оставка

Од Народната банка одговорија дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури и ги отфрлија тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери.

Гувернерот Трајко Славески во изјава за медиумите, повикувајќи се на Законот за Народната банка, рече дека одлуките на Советот се легитимни иако е истечен мандатот на двете вицегувернери Ана Митерска и Емилија Нацевска. Очекува Парламентот во следните денови или почетокот на април на дневен ред да го стави изборот на новите вицегувернери.

  • Прочитајте го став 3 од член 55 од Законот за Народна банка каде стои дека се до изборот на нови вицегувернери, постојните ги имаат сите овластувања. Ова прашање е апсолвирано. Чекаме на Парламентот во следните неколку денови, можеби на почетокот на април, да го стави на дневен ред прашањето за вицегувернери на Народната банка – рече Славески.

Славески не ги откри имињата на кандидатите за оваа функција иако дел од медиумите објавија дека станува збор за досегашната вицегувернерка Ана Митреска која ќе добие втор мандат и за Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Славески рече дека не чувствува одговорност и нема да поднесе оставка од функцијата.

Вчера, СДСМ на прес-конференција обвини дека мандатите на две вицегувернерки истекле уште лани, а постапката за нивен избор сѐ уште не е завршена, иако роковите биле одамна пробиени. Според СДСМ гувернерот има директна одговорност за ваквата состојба.

Од Народната банка одговорија дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури и ги отфрлија тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери.

Најнови вести од: Бизнис

Се враќаат на пруга патничките возови Скопје-Битола и Битола-Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје.

Повик за компании: Искористете бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, вели Карол Межеван од Светска банка

За целосно искористување на овој потенцијал ќе бидат потребни континуирани напори за зајакнување на конкуренцијата, доброто управување, развојот на вештините и интеграцијата со единствениот пазар на Европската Унија.

Ќе се гради пловечка фотоволтаична централа на акумулацијата „Шпилје“

Ова лето ќе почне да се реализира третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“ каде што најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

To top